Единствената преживеана од семејството Поцеста живее во страв - нови детали за трикратното грозоморно убиство
Пред два месеци најстарата ќерка на семејството Поцеста во Дебар, направи незапаметен крвав масакр кога на спиење си ги уби мајката, таткото и сестрата, па потоа си отиде во Италија како ништо да не се случило, се додека полицијата не ја повика и не откри дека таа со двајца помошници го извршила убиството.
Два месеци по тројното и незапаметено убиство, молк кај институциите.
Италијанските медиуми кои од старт го следат случајот на семејството кео со години работело и живеело таму, велат дека единствената сестра која остана од ова семејство Мукадес Поцеста не се вратила во Италија. Таа останала да живее во Македонија во страв и со полициска придружба, пренесе фактор.
Куќата на крвавото тројно убиство е празна, а стои само возилото на сестрата која остана жива.
Претходно во полиција Блерта тврдеше дека го нарачала, не и дека го сторила убиството, иако сите докази упатуваа на неа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа