Скопјанец се обидел да ги надмудри полицајците - кога го сопреле Аудито имале што да видат
Против 27-годишниот скопјанец Д.Д., Регионалниот центар за Гранични работи „Југ“ поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Како што соопшти МВР, вчера изутрина во 05.00 часот во близина на болница „Негорци“ полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ауди А8”, но возилото не застанало.
- Набргу потоа возилото било сопрено, а возачот бил приведен. При преглед, во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти, државјани на Пакистан, посочуваат од МВР.
10.10.2018 - 15:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа