Несреќа во Македонија: Момче падна од ѕид висок 2,75 метри
Момче се здобило со тешки повреди откако паднало од ѕид висок 2,75 метри при изведување на градежни работи.
Како што информираат од МВРвчера во околу 08.00 часот било пријавено дека 29-годишниот А.Ц. од село Долна Бањица, гостиварско, додека изведувал градежни работи во куќата сопственост на 50-годишниот Р.А. во село Долна Бањица, паднал и се повредил. А.Ц. паднал од ѕид на висина од 2,75 метри. Тој бил пренесен во Медицински центар Гостивар, од каде, по укажаната лекарска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа