Маж во Скопје непристојно зборувал и се обидел да нападне 12-годишно девојче

 

Вчера во 14:30 часот во Полициската станица Центар, 51-годишна жена од Скопје пријавила дека на 9.10.2018 година околу 14 часот на улица „Борка Талевски“ непознато лице ја вознемирувало нејзината 12-годишна ќерка. 

Според пријавеното, сторителот ја пресретнал и почнал непристојно да и зборува, по што се обидел физички да ја нападне, но девојчето избегало и не се пријавени повреди.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

11.10.2018 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега