Седум Србинки и две Албанки уапсени при рација на македонската полиција во угостителски објект

 

Девет странски државјанки се уапсени рано изутрината во угостителски објект во Тетово, кои при акциска контрола на полицијата се затекнати како со уште две македонски државјанки ги забавувале гостите.

Како што соопшти МВР, полициската акција е спроведена синоќа во еден часот по полноќ во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, сопственост на А.Б.(41) од село Селце.

Во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале гостите,  седум од Србија, две од Албанија и две Македонија.

Странските државјанки биле лишени од слобода и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. 

 

 

 

12.10.2018 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега