Кучиња скитници каснале три лица
Tри лица, во Велес, општина Центар и село Црешево, во текот на изминатите денови биле каснати од кучиња скитници.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Велес 52-годишниот Н.Н. бил нападнат од кучиња скитници на улицата „Живко Фирфов“, при што било каснато на десната потколеница.
Лицето С.С (61) вчера на улица „Македонија“ било каснато од куче скитник на левото стапало.
Лицето П.Н. (39), вчера пријавило дека во село Црешево, куче го каснало неговиот деветгодишен син во пределот на левата подлактица.
12.10.2018 - 15:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа