Поддржувачите на СДСМ разочарани од понудата на Заев за аменстија: Веќе нема да гласам
Професорката Мирјана Најчевска не може да го скрие разочарувањето на понудата на премиерот Заев за аменстија. Таа вели дека веќе нема да гласа за оваа партија. Најчевска која важи за силен поддржувач на актуелната власт вели дека додека политичарите си нудат амнестии, граѓаните не можат да се спасат од долгови и извршители.
Ништо порасположен не е ниту професорот Здравко Савевски кои ги водеше протестите на Шарената револуција. Тој вели дека Заев денеска покажал дека ВМРО-ДПМНЕ не била партијата која што барала амнестија во преговорите.
Професорката Билјана Ванковска која е противник на Договорот со Грција се сомнева дека настаните од 27 април се исценирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа