СДСМ се пишмани за амнeстијата

 

Владејчката СДСМ се пишмани и го повлече предлогот на нивниот претседател, Премиерот Заев за амнестија за 27 април. Во писмено соопштение испратено како реакција на прес конференцијата на Игор Јанушев со која опозицијата ја одби оваа понуда, од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ лошо ги разбрало.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски е навикнато на стариот принцип на интервенции на извршната врз судската власт. Тие ништо не научиле и како да заборавиле дека помина времето кога нивниот поранешен, а сега осуден премиер рецитираше изрекување притвори и судски пресуди.

Македонија има независно и професионално судство, ниту Мицкоски ниту Груевски, ниту кој било друг не може да интервенира врз судски одлуки.

Мицкоски и раководството да престанат да се интересираат за амнестии и да дадат одговор дали се за национално обединување или не?

Дали се за НАТО и ЕУ или не?

Конечно, ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ одлучи и понатаму, по секоја цена да ја блокира иднината, го повикуваме секој пратениик да се издигне на висина на овој историски момент и да гласа за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и за подобар живот за сите граѓани.

Ако тоа не се случи, мнозинството во Собранието ќе изгласа предвремени избори на кои ќе бидат обезбедени потребните 2/3 во Собранието.

Македонија ќе победи во која било варијанта, но прашање е дали раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на страната на изолацијата или ќе избере просперитет за земјата.“ – се вели во реакцијата на СДСМ.

Премиерот Заев утрово повика на помирување и подавање рака меѓу политичките партии за настаните за 27 април. Неговиот став во медиумите беше разбран како понуда за амнестија на обвинетите за настаните во Собранието. Најголемиот дел од нив, попладнево преку социјалните мрежи му порачаа на премиерот дека не сакаат милост и амнестија туку бараат правда. Според нив, се амнестираат само луѓе кои се прогласени за виновни.
И опозициската партија го порача истото. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев прегазил преку судството и без пресуда ги осудил сите за случувањата во Собранието.

 

 

 

 

 

15.10.2018 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега