Директорот на ЈП „Комуналец“ - Крива Паланка ангажирал лица за работа во претпријатието без договори
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 46-годишниот Т.Т. од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во периодот од октомври 2012 до октомври 2017 година, пријавениот како директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Крива Паланка, без претходно склучени договори, ангажирал физички лица за извршување на активности за наведеното јавно претпријатие, со што го оштетил за околу 12.221.293 денари.
16.10.2018 - 11:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа