Заев се пишмани за амнестијата: На памет не ми паѓа да им влијаам на институциите
Премиерот Заев се пишмани. По вчерашната понуда за аменстија, премиерот денеска во своето обраќање пред пратениците вели дека ни на памет не му паѓа да влијае на инситуциите.
„Верувам дека само низ разговор се изнаоѓаат решенија. Премногу е делби и поделби. Апсолутно не ми паѓа на памет да влијаам на инситуции и судови. Но сите знаеме дека треба да си простиме. Од тука ни доаѓаат делбите.
На лидерските средби прифатив техничка влада. Прифатив и во делот на Претседател на ДИК да биде од опозицијата затоа што тоа порано сме го добиле и ние како опозиција.
Прифатив да ја зајакнеме независноста на партиите. Јас не условував.
Останувам на тоа низ дебата заедно да го најдеме решението. Македонија мора да има иднина. Или ќе ја биде или некој друг начин ќе најдеме.“ – изјави Заев
Премиерот вчера пред пратнеиците во два наврати понуди помирување, што во јавноста беше разбрано како понуда за амнестија во замена за поддршка на уставните измени и промена на името. ВМРО-ДПМНЕ веднаш ја одби оваа понуда, а потоа, од СДСМ објаснуваа дека не станувало збор за понуда за амнестија туку само за помирување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа