Летото си оди - денеска ни пристигнува есента
Денеска во 22 часот и 44 минути започнува есента. Во исто време, за жителите на јужната земјина полутопка почнува пролет. Есента ќе трае 90 дена и ќе заврши на 21 декември во 18 часот и 11 минути.
Во моментот на доаѓањето на есента Сонцето ќе биде оддалечено од Земјата 150.122.034 километри.
Во Скопје Сонцето ќе изгрее во шест часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
22.09.2013 - 10:18
Фото:
телма