Голема акција на МВР во струшките села: Уапсени неколку лица
Во периодот од 11.10.2018 до 14.10.2018 година СВР Охрид и Полициската станица Струга реализираа акции за приведување на лица кои со пресуда од основни судови биле осудени на затворска казна. Од Струга и неколку струшки села приведени се четири лица кои го избегнувале издржувањето казна затвор, а за нив била распишана централна потерница.
На 11.10.2018 година во струшкото село Корошишта е приведен Б.Д.(43), кој бил во бегство и ја избегнувал затворската казна од десет месеци изречена од Основниот суд Охрид за сторено кривично дело „силување“. Тој бил префрлен во Казнено-поправната установа затвор „Струга“.
На 13.10.2018 година во Струга бил приведен И.М.(47) од струшкото село Радолишта. Тој бил во бегство, а бил осуден од Основен суд Охрид на две години затворска казна за кривично дело „измама“, како и на затворска казна од една година изречена од Основен суд Гостивар за кривично дело „спречување на овластено службено лице во вршење службено дејствие“. Тој бил префрлен во Казнено-поправната установа затвор „Идризово“.
Истиот ден, во струшкото село Ливада бил приведен Д.У.(30) од селото Корошишта, кој за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје, распрскувачки материи “, од Основниот суд во Струга, бил осуден на тригодишна затворска казна. Тој бил префрлен на издржување на казната во Казнено-поправната установа затвор „Струга“.
На 14.10.2018 година, по распишана централна потерница од Основниот суд Скопје 1, во струшкото село Франгово бил приведен Р.И.(32) од истото село. Тој бил приведен за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по што бил префрлен и предаден на овластени службени лица во Основниот суд Скопје 1 за натамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа