Градоначалникот на Василево назначил директор на претпријатие без соодвтено образование
СВР Струмица поднесе кривична пријава против 51-годишниот В.С. од село Едрениково, општина Василево и 45-годишниот Л.Н. од село Василево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од 27.02.2014 до октомври 2017 година пријавениот, како градоначалник на Општина Василево, спротивно на Законот за изменување и дополнување на законот за јавните претпријатија, донел пет решенија за именување на второпријавениот за вршител на должноста директор на ЈПКД „Турија“ – Василево, и покрај тоа што не ги исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место. На 21.11.2016 година второпријавениот, како вршител на должноста директор на ЈПКД „Турија“ – Василево, спротивно на Законот за административните службеници, изготвил и потпишал решение за распоредување на јавен службеник на раководно работно место во наведеното јавно претпријатие, кој исполнувал предвидените квалификации за потребниот степен на образование за наведеното работно место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа