Костадинов: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба бргу да се изјаснат дали се за ЕУ и НАТО или не
Пратеникот Костадинов апелира до своите колеги од опозицијата што побргу да се изјаснат дали се за влез во ЕУ и НАТО или не.
– Доколку ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму да ја блокира иднината, секој пратеник треба да се издигне на висина на овој историски момент и да гласа за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, за подобар живот за сите граѓани – вели тој на прес-конференција.
Костадинов нагласува дека ако тоа не се случи, ќе мора да се оди на предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните ќе одлучат за членството во ЕУ и НАТО.
– Христијан Мицкоски нема да може да побегне од волјата на граѓаните кои се јасно определени за напредок, за членство во ЕУ и НАТО со зајакнат идентитет. Македонија ќе победи во секоја варијанта. Правда ќе има, институциите ќе си ја работат својата работа. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО – додава Костадинов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа