Прегазил 28 годишна девојка па си пукал во главата

 

За вистинска трагедија јавуваат српските медиуми. Вчера на новите гробишта во Белград беше погребана 28 годишната Милица Радоман, која во средата била прегазена од автомобил додека минувала на пешачки премин. Од силината на ударот летнала 10 метри и удрила во сообраќаен знак. 49 годишниот маж сам се пријавил во полиција. Полицијата не му одредила притвор туку му поднела кривична пријава и го пуштила да се брани од слобода. Но мажот очигледно не можел да се носи со товарот, па во петокот вечерта со сачмарка си пукал во главата.

22.09.2013 - 11:42

најчитано сега