Несреќа во Македонија: Удрила во ограда и бетонски ѕид, па се превртела во канал
Тешка сообраќајна несреќа се случила во Тетово, по што жена се здобила со повреди и веднаш била однесена во една од скопските болници.
На 21.10.2018 година во 08:40 часот било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје на излез од Тетово патничко моторно возило “Хундаи“ со тетовски регистерски таблици управувано од 39-годишната Т.Н. од Тетово удрило во метална ограда, па во бетонски ѕид од канал за наводнување и се превртело.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Т.Н., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница-Тетово а потоа во болницата “Аџибадем Систина“ во Скопје.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа