Битолчанец се здобил со тешки повреди додека бил на лов со пријателите
Ловџија се здобил со тешки телњесни повреди додека бил на лов со своите пријатели.
Како што информираат од МВР, во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека вчера околу 08:30 часот 59-годишниот К.Т. од Битола, додека бил на лов со неговите пријатели 43-годишниот Г.М. , 65-годишниот Б.П. 58-годишниот Б.В. и 29-годишниот З.В., сите од Битола, во атарот на село Лисолај, се здобил со повреди од огнено оружје, по што бил пренесен во Медицинскиот центар во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола, а известен е и јавен обвинител.Полицијата презема потребни мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа