Струмичанец си ги претепал синот и сопругата

 

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 43-годишниот Е.Џ. од Струмица поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ при семејно насилство.

На 04.10.2018 година околу 18:00 часот во Струмица, во неговиот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга при што и нанел тешка телесна повреда. Потоа истиот физички го нападнал и нивниот малолетен син, нанесувајќи му телесни повреди.

 

 

 

22.10.2018 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега