Ограбена бензинска пумпа на автопатот Куманово-Скопје
Синоќа, во 03:35 часот по полноќ било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, на бензинска пумпа во атар на село Романовце, три маскирани лица со закана со пиштол и употреба на физичка сила извршиле разбојништво над двајца вработени при што одзеле околу 15.000 денари и мобилен телефон. Полицијата ги презема потребните мерки за расчистување на случајот.
22.10.2018 - 15:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа