Судир меѓу автомобил и мотоцикл - момче итно однесено на Клиника

 

 

Вчера во 18:20 часот на регионалниот пат Стар Дојран-Нов Дојран се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Ж.С. од село Фурка, дојранско и мотоцикл
„Кавасаки“ без регистарски ознаки, управуван од 27-годишниот И.Т. од Нов Дојран. Во незгодата со повреди се здобил мотоциклистот И.Т., кој со возило на Итна медицинска помош  бил пренесен во Здравствен дом Гевгелија, а потоа префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

24.10.2018 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега