Момче со повреди во главата донесено на Клиника во Скопје
Струмичанец со повреди на главата бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Како што информираат од МВР, вчера во 20:00 часот било пријавено дека во Медицинскиот центар Струмица бил примен 27-годишниот Г.С. од село Баница со повреди на главата, а потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Според пријавата, истиот ден околу 17:00 часот, додека Г.С. бил на планина да собира дрва во атар на село Попчево и село Рич, С.Р. од село Баница со стап го удрил во пределот на главата.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа