ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев вака работел како градоначалник кој знае што ќе правеше ако беше премиер
Таткото Панчо Заев, чичкото Љупчо Заев, братот Вице Заев, стрината Убавка Заева, братучедите Трајче Заев, Катерина Заева и Бобан Заев, снаата Славица Заева, се луѓе кои се сопственици и членови на упраувачки и надзорни одбори на фирмите кои што склучувале договори и добивале јавни набавки од Општина Струмица и нејзините општински институции.
Фамилијата Заеви со добивање на јавни набавки од Општина Струмица и нејзините општински институции го граделе својот капитал низ годините зад нас.
Повеќе десетици милиони денари се слеани на сметките на фирмите на блиските роднини на Зоран Заев.
Ова е мега скандал на кој нема одговор.
Зоран Заев во политика е да ги остварува своите финансиски интереси, а не да се грижи за граѓаните. Зоран Заев си има свој октопод за испумпување на парите на граѓаните на Струмица, пари кои очигледно завршуваат на сметките на фирмите од фамилијата Заеви.
Фирмите “Зови Промет”, “Сара Јавор Инжинеринг”, “Тргопродукт”, “Еленица” и “Ева Стаил” се фирми на кланот Заеви и фирми кои добивале јавни набавки од Општина Струмица и нејзините општински институции (градинки, училишта и комунални претпријатија),чии директори се назначени од страна на градоначалникот Зоран Заев.
Од фактите и изнесените докази јасно се гледа дека речиси и да не постои семејна фирма на Зоран Заев која што нема добиено јавна набавка во Стрмица.
Зоран Заев не собра храброст да признае, иако целата македонска јавност ги виде документите кои се несоборлив доказ за непотизмот и класичниот судир на интереси.
Зоран Заев не собра храброст да ја прифати моралната одговорност за фактот дека со негово знаење фирмите на целата фамилија Заеви биле редовни на списокот за јавни набавки во Општина Струмица и во нејзините општински институци.
Ако Заев вака работел како градоначалник, замислете како би работел како Премиер. За него нема да биде спорно ако тој е Премиер, а татко му да ја снабдува АРМ со храна, чичко му да ги снабдува болниците во цела Македонија со лекови, стрина му да обезбедува нафта за греење на училиштата, братучедите да ја снабдуваат државата со канцелариски материјали, а брат му да набавува возила за полицијата. Нели Заев нема да потпишува, ама за него тоа ќе го прават луѓето кој тој ќе ги назначи. Провидно и смешно.
Наивни се обидите за оправдување. Во оваа држава до сега немало ваков скандал. Во оваа држава до сега немало таков политичар кој на целата своја фамилија и обезбедувал континуиран финансиски приход од буџетски средства за кој тој е надлежен. Дури ни Бранко Црвенковски не успеал да го стигне ова ниво на Зоран Заев.
Како да нема други луѓе во Струмица, како да нема други луѓе во Македонија. Зоран Заев се грижел само за фирмите од неговата фамилија. Дрско и потценувачки.
Господине Заев, дали сте свесни дека никој не ви верува на обидите да се претставите како жртва.
Интегрален текст од изјава на ВМРО-ДПМНЕ.