МВР со детали за приведениот командир

 

 

Битолската полиција го приведе командирот на шумската полиција - Битола и поднесе кривична пријава заради постоење сомнение дека примал поткуп. Лицето од кое било баран поткупот го пријавило настанот на 19 октомври во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, за што веднаш било известено ОЈО Битола и биле преземени соодветни мерки и активности.   

 

-Во периодот од 08.10.2018. година наваму, Л.Ј. од лице од Демир Хисар побарал побарал поткуп вп замена да отфрли пријава која претходно ја подготвил во својство на командир на шумската полиција. На полетокот побарал 40.000 денари, но протоа ја намалил сумата на 30.000 денари. Со тоа што 20.000 денари  требало да бидат уплатени пред судењето закажано на 26 октомври, а 10.000 денари после судењето, откако ќе биде отфрлена пријавата“, рече Ангеловски.

Kомандирот бил приведен вчера откако ги примил бараните пари.

-Во текот на вчерашниот ден во 13:50 часот откако пријавениот ги примил парите беше лишен од слобода и при претресот се пронајдени 10 банкноти во апоени од 2000 денари, кои претходно од страна на ПС од СВР Битола беа фотографирани и документирани, рече Ангеловски.

Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Битола, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

 

27.10.2018 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега