Од Швајцарија дошол во Македонија - полицијата го запрела а тој ги претепал

 

Во 17 часот вчера од страна на двајца полициски службеници од Пoлициската станица за безбедност на патниот сообраќај -Тетово, во Тетово на кружен тек од булеварите „М.Тито“ и „Јане Сандански“, во редовна сообраќајна контрола било стопирано патничко моторно возило ,, Шкода“ со швајцарски национални ознаки управувано од 41-годишниот Р.Ќ од селото Слатино, со адреса на живеење во Швајцарија.

Во возилото покрај возачот се наоѓале и двајца сопатници Р.И. и Б.Ш.

Од страна на полициските службеници од возачот било побарано да приложи документи за идентификација, но возачот одбил да се идентификува и започнал вербална расправија со полициските службеници, а потоа со двајцата сопатници во возилото и физички ги нападнале полициските службеници.

Трите лица биле совладани, приведени и задржани во полициска станица. СВР-Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

27.10.2018 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега