Трагедија во Македонија: Му рекол на братот носи ме во болница, го донеле мртов
Околу 07,15 часот од страна на вработен во Итна медицинска помош во СВР-Тетово пријавено е дека кај нив е донесено починато лице.
Од страна на Полициската станица од Тетово веднаш е постапено по пријавата каде што во содејство со увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО Тетово и доктор по судска медицина извршен е увид во возилото со косовски регистарски ознаки паркирано пред влезот на службата за брза помош, каде на совозачкото седиште се наоѓало безживотното тело на 67-годишниот Л.А од селото Глобочица Република Косово, а со место на живеење во Тетово.
Братот на починатото лице, 72-годишниот Л.С. од Глобочица Косово, а со место на живеење во Тетово, појаснил дека околу 05:30 часот Л.А дошол пред неговиот дом во Тетово и побарал од него да го префрли до Клиничкиот центар во Тетово и се пожалил на проблеми со срцето. Л.С со патничко моторно возило го донел неговиот брат Л.А до Клинички центар Тетово каде од страна на дежурен лекар било констатирано смрт кај Л.А.
По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот извршена е обдукција и по обдукцијата истиот е предаден на фамилијата за погреб .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа