Драма за маж од Струга
Во 19.20 часот на униформирани полициски службеници им пришол 36-годишниот Б.А. од Струга и пријавил нарушен јавен ред и мир со физички напад.
Имено, според пријавеното, околу 18.30 часот пријавителот додека се движел по улицата ,,Партизанска“ за да си го земе возилото од паркинг просторот пред угостителски објект, од страна на три лица од кои едниот по кажување на пријавителот било лицето Г.К. , физички го нападнале со тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
28.10.2018 - 14:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа