Инцидент во скопска амбуланта: Сакала да се прегледа со туѓа книшка, па тргнала да ги нападне вработените
Непознато женско лице сакало да изврши преглед во една скопска амбултанта со туѓа здравствена книшка, објави Курир.мк. Вработената во амбулантата ја познавала жената чиј идентитет се обидела да го искористи пациентката, па одбила да ѝ пружи услуга.
Докторите ја предупредиле пациентката дека начинот на кој таа бара преглед е казниво, па настанала вербална расправија. Караницата не завршила, туку пацинтката се обидела физички да се пресмета со медицинарите.
Вработените во амбулантата биле приморани да повикаат обезбедување, по што жената се смирила.
29.10.2018 - 13:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа