Исчезнатиот чичко Пепи, пронајден мртов во водите на Лепенец

 

Исчезнатиот чичко Пепи од Скопје по којсе трагаше скоро две недели, пронајден е мртов во водите на реката Лепенец близу село Бардовци – Скопје, дознава „Слободен печат“. Како што информираат од порталот, неофицијално, негов близок роднина го препознал по облеката во која бил облечен.

Од МВР засега само потврдуваат дека е пронајдено машко тело во фаза на распаѓање во канал за наводнување на нивите во правец кон реката Лепенец, а информации за индентитетот и причините на смртта ќе има по завршување на обдукцијата.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, Јавен обвинител, лекар од Итна медицинска помош и лекар од судска медицина. Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Исчезнатиот Пепи, боледуваше од деменција, а неговото семејство бараше помош и од медиумите за негово брзо пронаоѓање.

 

 

 

29.10.2018 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега