Залутан куршум ја пробил настрешницата од дворот, па удрил во шофершајбната на скопјанец
Вчера во 14:00 часот во куќата на Л.Т. на улица „Петар Манџуков“ во Скопје, залутано зрно од огнено оружје ја пробило настрешницата во дворот, по што удрило во ветробранското стакло на неговото патничко возило „Даеву Ланос“ со скопски регистарски ознаки.
Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки за расчистување на случајот.
29.10.2018 - 15:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа