Машки труп во фаза на распаѓање пронајден во реката Лепенец
Вчера во 09:00 часот во полиција било пријавено дека во атарот на село Бардовци-скопско, во канал за наводнување на нивите во правец кон реката Лепенец, бил пронајден машки труп во фаза на распаѓање.
На местото на настанот излезено било од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Јавен обвинител, лекар од Итна медицинска помош и лекар од судска медицина.
Извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
29.10.2018 - 15:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа