Затвореници го подметнале пожарот во Идризово за да си ги спасат мобилните
Затвореници од КПУ Идризово го подметнале пожарот пред два дена за да направат саботажа и да си ги спасат нелегално внесените мобилни телефони од одземање, информираат од затворот.
“Потрагата е донесена откако беше откриено дека затвореници неовластено држеле мобилни телефони во затвор”, информира затворот Идризово.
- “Некои од затворениците, со цел да се спречи контролата предизвикаа пожар во една од ќелиите, додека некои други затвореници намерно предизвикаа материјална штета со избивање на голема количина на вода. По завршувањето на овие настани, ситуацијата беше ставена под контрола од страна на затворските службеници, додека контролата продолжила и во сите други оделенија. Во текот на контролниот период беа запленети вкупно 6 мобилни телефони. Затворениците немаат право да поседуваат телефони, додека од затворот им е овозможен контакт со семејството и роднини “, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа