По оставките во ВМРО-ДПМНЕ, вечерва состанок на партискиот Извршен комитет
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува состанок по серијата партиски оставки поради несогласување со актуелното раководство предводено од претседателот Христијан Мицкоски.
Оставка на претседателската функција во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе Даниела Рангелова, а потоа и нејзините први соработнички – Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.
Денеска оставка поднесе и Лука Кржалоски, претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. По овој негов чин, оставки вечерва поднесоа и претседатели на неколку општински организации на УМС.
На вечерашниов состанок на највисокото тело на партијата му претходел состанок на Извршниот комитет на УМС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа