Јован Никушевски поднесе оставка од претседател на УМС Карпош

 

Јован Никушевски е најновиот член на ВМРО ДПМНЕ кој вечерва поднесе оставка од претседател на УМС Карпош. Оставка на претседателската функција во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе Даниела Рангелова, а потоа и нејзините први соработнички – Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.

Денеска оставка поднесе и Лука Кржалоски, претседател на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. По овој  негов чин, оставки вечерва поднесоа и претседатели на неколку општински организации на УМС.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржува состанок по серијата партиски оставки поради несогласување со актуелното раководство предводено од претседателот Христијан Мицкоски.

 

 

 

 

31.10.2018 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега