МВР со детали за крвавиот инцидент кај Диво Насеље - едно лице почина
Околу 18.30 часот во полицијата во Куманово било пријавено дека на улица Тоде Мендол во близина на маркет “Арди” по претходно настаната тепачка помеѓу две семејства и тоа Ф.Љ. (19), Д.Љ. (18), Ф.Љ.(61), Х.Љ. (23) и В.Љ. (48) од една страна и М. М. (55), Е.М. (49), М.М. (47), Џ.М. (30), Р.М.(28) и В.М. (57) од друга страна, било пукано од огнено оружје.
В.М. се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Куманово и потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје, каде им подлегнал на повредите.
М.М. (55) се здобил со убодна рана од нож, а неколку лица се здобиле со повреди од тврди предмети .
Увид на лице место е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово. Ф. Љ., Д. Љ. и Ф. Љ. сами се пријавиле во полициска станица, а Х. Љ., Е. М., М. М., Џ. М. и Р. М. се приведени. Во текот на вечерта и осомничениот за убиството В. Љ. се пријавил во полициска станица, каде е задржан за понатамошна постапка.
Во соработка со јавното обвинителство се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа