Драма за семејство од Македонија, син го претепа таткото: „Сите ќе ве убијам"
Околу 18.00 часот во СВР Велес, 62-годишниот И.Ќ. од Велес пријавил дека бил физички нападнат од неговиот син, 32-годишниот М.Ќ.
Според пријавата, додека тој и неговата сопруга К.Ќ.(59) биле во куќата на нејзината мајка А.Б. на улица „Тодор Јанев“ во Велес, дошол нивниот син М.Ќ. и почнал да вика и да им се заканува дека ќе ги убие ако не му дадат пари.
Во еден момент тој физички го нападнал неговиот татко, а скршил и дел од покуќнината. Врз основа на судска наредба, полициски службеници излегле на местото и извршиле претрес во куќата на улица „Тодор Јанев“.
Притоа, во собата каде престојува М.Ќ. било пронајдено едно поголемо најлонско пакување со марихуана, кое било одземено и дадено на вештачење. Во собата било затекнато и лицето Ѓ.Б.(29) од Велес и при преглед кај него било пронајдено едно пакување со марихуана, кое исто така било дадено на вештачење.
Двете лица биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа