Притвор за тетовецот кој имал 46 килограми марихуана

 

 

Судија во претходна постапка од Основниот суд во Тетово му определи 30-дневен притвор за тетовецот Н.И.(54) осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, веднаш по определување на мерката, синоќа нешто по 22 часот Н.И. бил однесен во КПУ Скопје во Шуто Оризари на издржување на притворот.

При претресот на објекти на две места во Тетово, сопственост на Н.И., извршен во вторникот полицијата пронашла вкупно 46 килограми марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети што биле фото и видеодокументирани и одземени за вештачење. Според неговата изјава Н.И. марихуаната ја набавил од лице од Албанија.

 

 

 

01.11.2018 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега