Радовиш: Киднапирал, па силувал 18-годишна девојка

 

 

Вчера околу 00:00 часот во Полициска станица Штип приведен и задржан е 30-годишниот С.С. од село Бучим, радовишко. Лицето е лишено од слобода поради сомнение дека на 31.10.2018 година заедно со уште три непознати лица насилно ја внеле во возило 18-годишната Ј.А. од село Јунузлија општина Карбинци по што ја однеле во куќата на братот на С.С. во село Бучим. Според пријавата на Ј.А., С.С извршил обљуба врз нејзе. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

02.11.2018 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега