Работела нелегално: Полицијата одземала цел инвентар од обложувалница

 

 

Вчера во периодот од 19.00 до 21.00 часот, по пријава од граѓани, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле контрола во спортска обложувалница на улица „113“ во Тетово, која работела нелегално, без потребните документи. При тоа, во објектот пронајдени и од одговорниот на обложувалницата 49-годишниот Ф.Љ. од Тетово, со потврда се одземени осум телевизори, четири компјутери, три монитори, два печатачи, еден читач, еден кено-апарат, три покер апарати, еден принтер, парични средства и тикети за игри на среќа. По целосно расчистување на случајот, против сопственикот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

02.11.2018 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега