МВР со детали за трупот пронајден во Дебар

 

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера бил пронајдено телото на 58-годишниот Ф.С. од Дебар, кој на 30-ти минатиот месец бил пријавен за исчезнат.

Од МВР информираат дека при преземени мерки за пронаоѓање на исчезнато лице, во 14, 30 часот во водите на река Црни Дрим, на потегот помеѓу дебарските села Таранеш и Бомово, пронајдено е безживотното тело на мажот.

На местото на настанот извршен е увид предводен од Јавен обвинител и по извршена обдукција констатирано е дека на телото нема траги на насилство.

 

 

 

02.11.2018 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега