Скопјани може мирно да спијат - фатен крадец кој оперирал долго време

 

СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство- Скопје, поднесе кривична пријава против 18-годишниот Л.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил три кривични дела „тешка кражба“  на дрзок начин.

Пријавениот ги извршил делата во периодот од 10.09.2018 до 29.10.2018 година, од кои две на подрачјето на Полициската станица Центар и една на подрачјето на Полициската станица Кисела Вода.

Л.С. се доближувал до оштетените и им ги кинел златните ланчиња од вратот.

 Во  Полициската станица Кисела Вода било извршено препознавање од оштетените.

 

 

 

03.11.2018 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега