СДСМ: Груевски и Јанакиески мислеа само на провизии

Ало Миле ми текна и носителот на криминалот, Никола Груевски, мислеа само на провизии и процени од нив. Затоа 11 години во Македонија не се градеа патишта а она што беше почнато беше единствено криминална шема на штета на граѓаните и буџетот.

Само заради остварување на криминалните интереси на Никола Груевски и Миле Јанакиески, на автопатот Кичево-Охрид забележани се бројни пропусти кои резултираа со дополнителни трошоци за негова изградба.

Само заради лично богатење, бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор е над 155 милиони евра, за што предмети отворија независни правосудни органи и се водат судски постапки.

Тоа е истиот Никола Груевски, кој е ментор на Христијан Мицкоски, кој му доделува 33 илјади метри квадратни земјиште на фирмите на Мицкоски за хидроцентрали. Тоа е истиот Миле Јанакиески чии најблиски соработници, Димовски и Јанушев, се дел од шемите со фирмите на Мицкоски и дел од антизапдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ ги санираше штетите, ги реши наследените проблеми на автопатот создадени токму од неодговорното и криминално однесување на ВМРО-ДПМНЕ и заштеди 95 милиони евра. Останува надлежните правосудни органи да одлучат за одговороноста.

Залудни се обидите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку лажни вести да ги сокријат штетите врз Буџетoт создадени од криминалното владеење на Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески.

Центар за комуникации со јавноста на Социјалдемократски сојуз на Македонија

 

 

 

04.11.2018 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега