Воз удри во автобус во скопско - двајца на Ургентен

 

Две лица се здобиле со повреди во железничка несреќа која се случила вчера околу 10:15 часот во село Свиларе.

Од полицијата информираат дека на патниот премин од железничката пруга Скопје – Кичево, се случила железничка незгода во која товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д.  удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од 32-годишниот И.М. од село Грчец, скопско, а двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Железничкиот сообраќај  бил  во прекин во времето од 10.15  до 15.20 часот.

 

 

 

05.11.2018 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега