„Лудо тесто": Нараснува тројно, стои една недела, со него се успева
Направете тесто кое го нарекуваат лудо. Нараснува огромно и погодно е за се, кифли, пица, леб, пецива…
- 1 кг. брашно
- 2 дл. јогурт
- 2 јајца
- 1 дл. масло
- 4 дл. млеко
- 1 квасец
- 1 прашок за пециво
- 2-3 лажички сол
- Се матат јогуртот со две јајца и 0,5 шолји масло, 3 шолји млеко и кесе квасец со прашок за пециво и сол.
- Се убаво се мати и меша.
- Се додава и брашното во смесата, па се мати убаво со спиралните маталки од миксерот.
- Се става садот со тестото во фрижидер, и се вади од него по потреба за се.
- Може да стои и 7 дена.
Извор: Готви.мк
05.11.2018 - 11:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа