Стевананџија му подари маска на Богоевски поради загадениот воздух

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, им подари маски за заштита на загадениот воздух на водителката и на неговиот соговорник, пратеникот Павле Богоевски.

-Прифаќајки го предзвикот да бидам на дебата со некогашниот претставник од Шарената револуција, се потсетив кога тој се залагаше за чист воздух, а во последнава година не знам зошто тоа веќе не го прави. Единствена мерка што ја презеде градоначалникот е вработување на десет оџачари, рече Стевананџија.

 

Богоевски возврати дека проблемот со воздухот не е од вчера, но дека тој ќе продолжи да се бори за негово решавање.

-Проблемот со воздухот во Скопје е постоечки и нема бегање. Но, исто така тој проблем не е нов. Поради тоа ви благодарам на маската и ви ветувам дека ќе продолжам да се борам за чист воздух, и додека нашата коалиција е на власт, рече Богоевски.

 

 

 

06.11.2018 - 19:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега