СДСМ: Партизираната Комисија за заштита од дискриминација ја злоупотреби позицијата и се стави во одбрана на криминалот на Груевски

Социјалдемократскиот сојуз испрати соопштение во кое што наведува дека Комисијата за заштита од дискриминација која е под контрола на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ја злоупотребило својата позиција и целосно застанало во одбрана на криминилот на Никола Груевски.

„Партизираната Комисија за заштита од дискриминација, под контрола на антизападното ВМРО-ДПМНЕ, ја злоупотреби позицијата и целосно се стави во одбрана на криминалот на Никола Груевски.

Идентично како и линијата на делување на антизападниот пион Христијан Мицкоски, наместо да одлучува и постапува во интерес на граѓаните, оваа партизирана Комисија настапи како партиска испостава на антизападното ВМРО-ДПМНЕ.

Лица блиски до антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот ментор, Никола Груевски, меѓу кои и поранешниот пратеник од оваа партија, Александар Спасеновски, но и Александар Даштевски и Тони Науноски се посветија во одбрана на осудениот Никола Груевски.

Јавноста знае дека сите членови на оваа Комисија беа избрани во јануари 2016 година, без присуство на тогашната опозиција.

На Христијан Мицкоски пионот на Груевски и на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да им стане јасно дека не можат да го одбранат криминалот на нивниот ментор Груевски.

Македонија е правна држава и одговорност за секој што постапил незаконски ќе има.

Ова е уште потврда дека е неопходна итна реформа на Комисијата за заштита од дискриминација, која треба да прерасне во независно, стручно тело, со зголемени надлежности, составено исклучиво од лица кои се посветени на заштитата на човековите права.“, велат од СДСМ.

 

 

 

07.11.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега