Бизарна несреќа во Македонија - машина му ја повлече раката на работник
Во 20.00 часот во Полициската станица Кочани, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 61-годишниот Б.Г.од Кочани.
Тој се здобил со повреди при извршување на работни задачи во приватна фирма во Кочани, кaде машина му ја повлекла раката.
По укажаната лекарска помош во општа болница Кочани, тој бил препратен на КАРИЛ при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани и државен инспектор за труд и безбедност при работа.
Се работи на расчистување на случајот.
09.11.2018 - 09:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа