СДСМ: Македонија е правна држава со независни судски инситуции
Македонија е правна држава, законите важат за сите подеднакво и никој не е над законот ниту над правдата, вели СДСМ преку соопштение.
„Судовите се независни институции кои работат согласно своите законски надлежности и нивните одлуки мора да се почитуваат од страна на сите граѓани. Правда мора да има. За секој оној за кој во законска и транспарентна судска постапка, се докажало дека ги прекршил законите врз основа на што има правосилна судска пресуда мора да понесе одговорност. Обезбедувањето на правдата и еднакво важење на законите за сите, без разлика на политичка, верска или етничка припадност е клучно за секое демократско општество“, додава владејачаката партија.
Претходно, преку соопштение, опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека судството е партизирано, во контетст на одлуката на Кривичниот совет за затворската казна на експремиерот, Никола Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа