Стеванаџија: Го осакатувате образованието со кратење на 9 ипол милиони евра од буџетот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стеванаџија во македонското собрание, денеска се обрати во рамките на дискусијата за ребаланс на буџетот. Тој истакна дека оваа влада секогаш посегнува по она што е најнепопуларно, по џебовите на граѓаните на република Македонија.

-Мислејќи дека овие 50 милиони евра кои ги кратиме од министерствата, ќе биде некоја финансиска инјекција во здравството, во економијата, дека ќе се гради некоја технолошка индустриска развојна зона, дека конечно ќе ги усреќиме вработените во “Еурокомпозит”, дека нема да ги понижиме вработените во ОХИС да им исплатиме 100 денари на нивните сметки за да се чувствуваат задоволни, ние помисливме дека сигурно ќе го поддржиме ребалансот на буџетот ако е добронамерен за граѓаните.

Што со овие пари и од каде ги влечеме парите за да собереме 50 милиони евра. Ако овие пари дозволиме да им ги префрлиме на локалните самоуправи, за да ги санираме нивните долгови, воспоставуваме лоша пракса. Ги мотивираме градоначалниците кои што оваа година ништо не сработија една шајка не заковаа, ништо да не прават и наредните три, пет или седум години. Ако си го научиш детето да добие порок, да се заборчува, да игра комар, а ти му даваш пари му ги покриваш трошоците што ги направил, тоа во неговата психологија ќе вели татко ми е добар татко ми е моќен и јас ќе продолжам да го правам ова.

Така и сега со оваа влада. Вие не работете ништо, затоа што некоја друга влада по три, пет години, ќе ве одборчи. На тоа ги заучуваме сега. Да ја покриваме неспособноста на некоj.

Што добиваме со ова? Отвораме нови работни места? Зголемуваме плата или пензии?

Скративме 5.3 милиони евра за високото образование, 2.3 милиони евра ученички стандарди, 1.1 милиони евра од основното образование, а 950 илјади евра од средното образование. Се она за што се бореше Шарената револуција, она за што кршевте, боевте, тепавте, она за што ги лажевте средношколскиот и студентскиот пленум, во три реда го уништивте. Го осакатувате образованието.

Еве на пример, неодамна Општина Прилеп формираше јавно претпријатие за гасификација. А градоначалникот вели гасот во градот ќе стаса по седум години. И сега, што правиме ние. За да им се одборчите на оние на кои сте им ветувале подобар живот, измислуваме нови виртуелни претпријатија, значи како во кино 7Д да одиш. Измислуваме ново претпријатие и им даваме функции, директор, монтер, заменик директор, три вработени итн. И така седум години, ќе си прават состаноци ќе си се гледаат, ќе земаат плати дури да дојде гасот во Прилеп. И кога ќе направите една така проста математика, само 84 илјади евра трошоците за директорот. Нека работи општината нека прави долгови, па по седум години ќе речат ај да направиме нов ребаланс на буџетот, рече Стеванаџија.

 

 

 

10.11.2018 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега