Возило излета од патот и се преврте - две лица завршија на Комплексот клиники „Мајка Тереза“

 

 

Младо момче се здоби со тешки повреди по сообраќајка на магистралниот пат Струмица-Радовиш.

„Вчера во 09:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш кај село Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици управувано од 21-годишниот Р.С. од село Лубница-Конче, излетало од патот и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото и сопатникот, 71-годишниот Р.К. од село Конче. Повредените биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип за укажување на лекарска помош, а потоа Р.С. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш и се работи на целосно расчистување на случајот“, информираат од МВР.

 

 

 

11.11.2018 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега