Јадете банана за појадок - правите голема грешка

 

Колку пати сте слушнале дека ако не стигнете да појадувате, треба да изедете барем една банана за да не бидете гладни? Изгледа дека овој совет, иако е широкораспространет, воопшто не е добар за вашето здравје.
Нутриционистите предупредуваат дека иако бананата изгледа како совршена опција за брз појадок, таа е далеку од тоа. Ако јадете само банана, без нешто друго со неа, вие одбирате храна што содржи 25 проценти шеќери. Таа исто така е и умерено кисела, што воопшто не е добро за утрата.

Најдобриот начин да го започнете денот е со појадок што ги согорува маснотиите, односно што ќе ве направи доволно енергични за да издржите до следниот оброк. Иако бананите ќе ви дадат краток набој на енергија, вие брзо ќе почнете да се чувствувате уморно и уште погладно од претходно. Тие се подобар избор за ужина отколку за цел оброк, бидејќи сами по себе не се доволни за започнување на денот.

Чувството на умор и глад по јадењето банана за појадок може да се спречи ако го комбинирате ова овошје со храна што е полна со здрави маснотии, како авокадото. Исто така, со оглед на тоа што бананите спаѓаат во групата кисела храна, вие треба да ја неутрализирате нејзината киселина за да ги добиете добрите придобивки што ги нуди, како што се калиумот, хранливите влакна и магнезиумот – а не само шеќерот, што ви дава краткотрајна енергија.

 

 

 

11.11.2018 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега